LOADING

Type to search

Литература

Ден на Блаже Конески

admin May 28

„Ден на Блаже Конески“ – Одбележување на 100 години од раѓањето на Блаже Конески

На 28 мај 2021 година со почеток од 19 часот во организација на Ученичкатз заедница на гимназијата Никола Карев се одржа свечен настан „Ден на Блаже Конески“ по повод стогодишнината од раѓањето на Блаже Конески и „2021-година во чест на Блаже Конески“ во соработка со Фондација „Небрегово“. На свеченоста зборуваше директорот Андреј Манолев и професорката Билјана Костова која се осврна на ликот и делото на Блаже Конески. Посебен гостин ни беше Секретарот на фондацијата „Небрегово“, професор Атанас Конески кој зборуваше за значењето на фондацијата и за достојно одбележување на големото дело на великанот Блаже Конески.
Професорите и учениците реализираа богата уметничка програма во која настапија:
– училишниот хор со изведба на оригинална композиција на песната „Молитва“ од Блаже Конески,
– ликовната секција со дигитална изложба на цртежи испирирани од поезијата на Конески,
– фолклорната група со избедба на прилепско оро,
– посебен белег даде рециталот во кој се читаа лични творби од конкурсот „Поетски пораки за Конески“ објавен од фондацијата „Небрегово“ и песни од Блаже Конески.
На учесниците во програмата им беше доделена книгата од Трајко Стаматоски „Македонски јазик: идентитет и континуитет.“ , како донација од Култура.
Youth.MK се погрижи за преносот на настанот во живо на интернет за сите оние кои не можеа да присуствуваат со физичко присуство.

Tags: