LOADING

Type to search

Филм Храна

Готвиме филм, сликаме филм и гледаме филм!

admin May 01

Со работилница за готвење „филм“ со Бранко Попоски од „Готвиме со Бранко“ (Cooking with Branko) во склоп на проектот „Готвиме филм, сликаме филм и гледаме филм!“ на Регионалната платформа Балкан Синема Ситис (БСС) во соработка со фестивалот „Џифони Македонија“.

Работилницата го искомбинира интересот за филмови со извонредни гастрономски активности. Деца од фестивалот „Џифони Македонија“, подготвуваа со Бранко десерт чизкејк следејќи ги упатствата преку пренос во живо. Од кујната на Бранко во домовите на дечињата преку трикамери и интернет врска. По завршувањето на работилницата ја проследија проекцијата на филмот „Мед и кајмак“ кој се снимаше во земјава и во кој игра актерката Сабина Ајрула.

Проектот вклучува и ликовни работилници под наслов „Сликаме филм“ кои се одржуваа во рамки на фестивалот за млади „Џифони Македонија“. Децата ја цртаа омилената филмска сцена во различни техники.

„Проектот „Готвиме филм, сликаме филм и гледаме филм!“ е оригинален концепт кој има за цел децата да се инспирираат да го развиваат својот креативен мускул. Идејата е да се развива креативноста и да се создадате можности за стекнување на филмска писменост применлива во секојдневниот живот и развивање однос кон филмската уметност преку игра. Преку гледање на филмот и потоа дискусија, децата учат како да го проследат филмското дело и да го препознаат жанрот, како и некои елементи во филмот. Покрај неформалното образование кај децата и младите, ова е важна иницијатива и за развој на публика. Филмската едукација почнува кај најмладите со цел да ги инспирира и да ги обучи да продолжат да учат за филмот“.